Светски ден на влажните станишта

Датум на објава:
Feb. 17, 2026, 7:49 a.m.

По повод Светскиот ден на влажните живеалишта (2 февруари), на 19 и 20 февруари 2026 г. ќе се реализира едукативна програма посветена на влажните живеалишта.

Локација: Europe House

19.02.2026
Едукативна работилница за деца.(Ве замолуваме да го пополнете формуларот,за да регистрирате присуство)

20.02.2026 (петок), со почеток во 18:00 часот, ќе се одржат три предавања: м-р Марија Чобанова ќе говори на тема „Последното мочуриште во Македонија“, Лазар Николов ќе одржи предавање „Одговор на притисокот: значење, функции и промени на влажните живеалишта во Преспа“, а проф. д-р Илина Јакимовска ќе се осврне на темата „Кога водата се повлекува: Преспа меѓу природата и културата“.


По предавањата, во рамки на програмата, ќе следи и премиера на истражувачкиот филм „Пулсот на Галичица – љубов испишана во истражувањето и овековечена во природата“, снимен за време на големата истражувачка акција на Галичица, по повод 31-годишнината на ИДСБ.


Датум на објава:
Feb. 17, 2026, 7:49 a.m.