Датум на објава:
April 19, 2024, 2:52 p.m.
Во сабота (27.04.2024) ќе се одржи втората еднодневна истражувачка акција. Акцијата има за цел да ги продолжи и продлабочи истражувачките дејности на секоја од секциите.
Теренот започнува од вливот на реката Пчиња, кон селото Карабуниште, продолжувајќи до железничката станица Рајко Жинзифов. Теренот опфаќа пешачење околу 10km.
Поаѓањето е од Железничка станица Скопје, со возот од 06:50 часот. Пријавените да бидат на железничката НАЈДОЦНА до 6:45 часот! Сите оние кои ќе присуствуваат на еднодневната акција, од понеделник можат да набават ПОВРАТНА карта за воз на железничката станица по цена од 160 денари. Притоа мора задолжителна напомена дека картата треба да биде до железничката станица Рајко Жинзифов!
Задолжително е и пријавување на формата до СРЕДА (24.04.2024) напладне (12:00).
Со себе понесете доволно вода, заштитна опрема за сонце, храна, соодветни обувки и вашиот ентузијазам за истражување!
Пријавете го вашето присуство овде.
Датум на објава:
April 19, 2024, 2:52 p.m.